Неколку часа пред почетокот на натпреварот помеѓу Партизан и Мега Бемакс во АБА лигата, полицијата спречила поголем инцидент, објавија белградските медиуми.
Според тие извори, полицијата неколку часа пред почеткот на натпреварот во салата „Александар Николиќ“, сопрела автобус од Крушевац во кој имало 50-тина пијани хулигани вооружени со ножеви и бејзбол палки.
Исто така полицијата во Нов Белград сопрела поголема група на „Гробари“, а сомнежите се дека тие планирале да предизвикаат поголеми инциденти во салата.