Приватниот авион на НБА франшизата Сакраменто Кингс кој од Индија летал кон Англија го погодил гром додека се спуштал на пистата на аеродромот во Лондон, објави ЕСПН.
Во авионот бил претседателот на кошаркарските операции на Кингс, Владе Дивац, поранешниот играч на овој тим Предраг Стојаковиќ уште неколку членови од раководството на тимот, како и претставници на медиумите.
За среќа авионот без проблеми се приземјил, а потоа Кингс се упатиле кон САД.
Во авионот не биле членовите на стручниот штаб и кошаркарите. Тие патувале со авионот на познатиот рапер Дрејк.
Сакраменто Кингс неколку дена беа во Индија каде одиграа два натпревари со Индијана Пејсерс.
НБА сезоната ќе стартува на 23 октомври, а Кингс првиот меч ќе го одиграат на 24 октомври против Финикс Санс.