Top Sport

ГС ги „прегази“ Клиперси, рекорд на кариерата на Прозингис

Голден Стејт го декласира ЛА Клиперс во натпревар кој требаше да биде дерби во НБА лигата. Покај тимскиот квалитет кој го покажаа Вориорси во Лос Анџелес, индивидуално изминатата ноќ ја обележаа ѕвездите кои доаѓаат Бен Симонс од Филаделфија, Кристапс Прозингис од Њујорк и Никола Јокиќ од Денвер.

Ден по поразот на домашен терен од Детроит, Голден Стејт вориорс против Клиперс ја демонстрира шампионската моќ. Вориорси во Стејплс центарот славеа со 141:113. Стеф Кари постигна 31 поен (7/11 за три) на кои придодаде 5 скока и 6 асистенции.

Филаделфија победи во Хјустон 115:107 благодарение на лошиот финиш кој го имаа домаќините. Хјустон не успеа да реализира девет од последните десет шутеви, а во последните три и пол минути играчите на тренерот Дантони постигнаа само четири поени.

Бен Симонс одигра уште еден добар меч и ја предводеше Филаделфија со 24 поени, 7 скока и 9 асистенции. На спротивната страна Џејмс Харден постигна 29 поени.

Њујорк успеа да слави против Денвер 116:110, а мечот го обележа Кристапс Прозингис со рекородот на кариерата 38 поени. На спротивната страна Деневер го предводеше Никола Јокиќ со 28 поени (6/10 за три).

НБА, резултати:

Бостон-Сан Антонио 108:94
Мајами-Минесота 122-125
Хјустон-Филаделфија 107:115
Мемфис-Шарлот 99:104
Њујорк-Денвер 116:110
Њу орлеанс-Орландо 99:115
Јута-Далас 104:89
Портланд-Торонто 85:99
ЛА Клиперс-Голден Стејт 113:141.

Scroll to Top