Top Sport

Хакери направиле хаос во К.К. Асвел

Кошаркарскиот клуб Асвел се соочи со „сајбер-напад“ при што биле украдени важни податоци од организацијата.

Хакерската група наречена „NoEscape“ влезе во целиот систем на овој француски клуб и повлече бројни доверливи информации.

Ова вклучува лични информации за играчи, броеви на пасоши, финансиски документи, договори, како и други доверливи материјали.

Според „Сајберњуз“, оваа група извршила 54 напади врз разни видови организации, барајќи од нив пари за да не ги објавуваат податоците. Обично тоа е сума од неколку стотици илјади, па дури и до неколку милиони долари.

Асвел вечерва во второто коло, во Евролигата ќе го пречека Партизан.

Scroll to Top