Top Sport

Хакет заврши со репрезентацијата: Потребна е „свежа крв“

Кошаркарот на ЦСКА Москва Даниел Хакет, во пресрет на стартот на новата сезона во Евролигата, објавил дека се повлекува од репрезентацијата. 31 годишниот бек последниот меч за Италија го одигра на Светското првенство во Кина.

„Мислам дека е фер од моја страна да направам простор за новите генерации на кошаркари кои заслужуваат да играат. Момците какви што се Марко Спису, Давиде Морети и Нико Манион мора што поскоро да почувствуваат што значи играњето за репрезентацијата. Сигурен сум дека е исправно ова што го правам“, рекол Хакет.

Плејмејкерот на ЦСКА за сениорскиот тим на Италија дебитирал во 2011 година, откако претходно настапувал во сите младински категории.

Scroll to Top