Откако се води официјалната статистика во НБА лигата, најефикасен пар се легендите на ЛА Лејкерс, Коби Брајант и Шекил О`нил. Тие во сезоната 2002/2003 бележеа во просек по 57.5 поени по меч.
Напомена, ова е откако се води детална статистика, затоа што Вилт Чембрлен во 1962 година во просек бележел преку 50 поени по меч, а неговиот соиграч Пол Аризин имал просек од 22 поени по меч.
Во новата ера дојде до промена кај најефикасниот пар во НБА лигата. Сега сопственици на рекордот се ѕвездите на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден и Расел Вестбрук.
Тие двајца во просек имаат по 61,7 поени по меч. Дури и да не постигнат ниту еден пое до крајот на сезоната нивниот просек може да се намали само до 57,9, што повторно ќе е подобро од остварувањето на Коби и Шек.