Top Sport

Харден: Вилт Чембрлен е недопирлив

Играчот на Хјустон, Џејмс Харден, рекол дека споредбите со легендарниот Вилт Чембрлен се награда за се она што вложил во кошарката во својата кариера. Изминатата ноќ Филадлефија го порази Хјустон (121:93), а Харден 20. пат во низа постигна најмалку 30 поени.

Харден му се приклучинна Чембрлен како единствениот кошаркар во НБА историјата кој на најмалку 20 натпревари по ред постигнувал 30 или повеќе поени.

„Вилт правеше некои неверојатни работи и имаше статистика што никој и никогаш нема да ја достигне“, рекол Харден кој против Филалдлефија постигна 37 поени, иако воопшто не играше во последната четвртина.

„Фактот дека ме споредуваат со една таква кошаркарска величина е награда за она што сум го направил во кариерата. Тое причината порад која играме, да бидеме рамо до рамо со најдобрите на сите времиња. Очигледно пред мене е долг пат, но ова е добар почеток“, рекол Харден.

„Брадата“ последен пат не постигнал 30 или повеќе поени на 11.декември против Портланд, кога застана на бројката 29.

Scroll to Top