Top Sport

Хејворд ја пропушта целата сезона

Гордон Хејворд, крилниот играч на Бостон Селтикс, кој на отворањето на сезоната доживеа страшна повреда, ќе ја пропушти целата сезона, потврди неговиот менаџер.

Хејворд се повреди во првиот натпревар на Бостон, по само пет минути игра против Кливленд. Крилото на Селтикс при еден доскок целата тежина ја пренесе на скочниот зглоб, поради што доби фрактура. Хејворд веднаш беше опериран.

Гордон Хејворд летово пристигна од Јута во Бостон.

Scroll to Top