Top Sport

Хезоња ќе носи број 44 во Портланд поради Дражен: Вистинска легенда е!

Хрватската кошарка оваа сезона во НБА ќе има рекорден број на играчи – вкупно 7, меѓу кои и 24-годишниот Марио Хезоња кој ќе настапува за Портланд Треил Блејзерс.

Откако потпиша за Портланд, Хезоња во чест на Хрватот, Дражен Петровиќ го одбра дресот со број 44, кој на почетокот на својата НБА-кариерата го носеше еден од најголемите кошаркари на сите времиња.

„Бројот 44 го одбрав поради Дражен и поради сето тоа што го направи за Хрватска. Овде имаме сјајни играчи, тоа е и за нив, но најмногу за Дражен. Мислам дека тоа би го направил секој Хрват, да дојдеше да игра во Портланд. Ретка е можноста да играш во клубот во кој тој ја почна НБА-кариерата. Ќе го носам неговиот број и нараквицата како почест за се што направи за хрватската кошарка. Вистинска легенда е и сакам тука да направам се она што тој не успеа“ – рече Хезоња.

Фактот од минатото е дека Дражен како голема европска ѕвезда не доби вистинска можност во Портланд од каде замина разочаран.

Сепак, во дресот на Њу Џерси Нетс покажа колку тренерот Рик Аделман и останатите погрешија.

Scroll to Top