Top Sport

Химки го освои Белград

Кошаркарите на Црвена звезда загубија на домашен терен во 18. коло од Евролигата од рускиот Химки, предводен од фантастичниот Алексеј Швед.

Швед имаше 29 поени, дури пет тројки, од кои двете најважни ги погоди во финишот на мечот, а дополнително имаше и четири асистенции и пет скокови. Џејмс Андерсон имаше 14 коша, додека кај српскиот тим најдобар беше Тејлор Рочести со 27 поени, 9 скока и 7 асистенции.

Македонскиот интернационалец, Перо Антиќ постигна два поени во 12 минути игра, а исто така утна и три обиди за три поени.

Scroll to Top