Главниот кандидат за МВП на сезоната, Џејмс Харден, најмалку две недели ќе паузира поради повредата со која се здоби на 31.декември, кога Хјустон по две продолженија слвеше во дуелот со ЛА Лејкерс.
Хјустон Рокитс соопшти дека Харден ќе паузира две недели, потоа ќе оди на дополнителни прегледи кога ќе биде познато кога повторно ќе се врати во тимот.
Харден во досегашниот тек од сезоната е најдобар стрелец во лигата со просек од 32,3 поени по натпревар, има постигнато 145 тројки а ја предводи лигата и во реализицијата на слободните фрлања (319/368). Исто така тој е трет на листата на најдобри асистенти (9,2 асистенции во просек по натпревар).
Во претходните четири сезони Харден пропушти само еден натпревар поради повреда. Хјустон во моментов се на втората позиција во Западната конференција и воопшто во лигата со скор 26-9.