Top Sport

Хјустон го чекаат на тренинг, Харден се расфрла со пари на приватна забава

Џејмс Харден изрази желба преку трејд да се пресели во друг клуб. Барем засега Хјустон Рокитс не му ја исполнија желбата, поради што тој не им ја исполни желбата на челниците да се појави во тренинг-кампот.

Харден требаше да се појави во Хјустон најдоцна до 30.ноември, за да ги испочитува протоколите што ги воведе НБА лигата. Сепак, првата ѕвезда на Хјустон, не ги почитува ниту протоколите на Лигата, ниту задачите што ги добил од клубот.

Викендов е снимен на приватна забава во Атланта, кај раперот Лил Бејби. На забавата Харден бил без заштитна маска. На забавата Харден се расфрлал со пари.

Харден, пред три недели, ја одбил понудата на Хјустон да потише две годишен договор вреден 103 милиони долари.

Ѓелбата на Харден е да игра во Бурклин Нетс, заедно со Кајри Ирвинг и Кевин Дурент.

 

Scroll to Top