Top Sport

Хјустон го собори рекордот на франшизата (Видео)

Кошаркарите на Хјустон Рокитс ја продолжија доминацијата во Западната конференција и со победата над Њу Орлеанс (114:91) стигнаа до рекорден број на триумфи, во регуларниот дел од сезоната, во историјата на франшизата.

Победата над Пеликаните од Њу Орлеанс беше осма во низа за Хјустон, односно 25. на последните 26 натпревари. Хјустон има скор од 59 победи и 14 порази.

Екипата која ја предводи Мајк Д’Антони прашањето на победникот го реши во првиот период, кога направи разлика од 17 поени.

Џејмс Харден беше најефикасен со 27 поени, 6 скока и 8 асистенции, Ерик Гордон уфрли 19 поени, меѓутоа играч на натпреваорт беше центарот Клинт Капела со 18 поени, 16 скока и 6 блокади.

Вообичаено Њу Орлеанс го предводеше Ентони Дејвис, тој имаше учинок од 25 поени, 8 скока и 4 блокади. Пеликаните на овој натпревар играа без Демаркус Казинс, Никола Миротиќ и Режон Рондо.

На останатите натпревари ЛА Лејкерс славеа против Мемфис Гризлис 100:93, Детроит Пистонс триумфираа над Чикаго Булс 117:95, Феникс Санс се поразени од Орландо Меџик 105:99, Шарлот Хорнетс во неизвесен меч ги победија Далас Маверикс 102:98, а Филалделфија запиша важна победа во дуелот со Минесота Тимбервулфс 120:108.

Scroll to Top