Најдобриот играч на денешнината, Леброн Џејмс, по завршувањето на сезоната 2017/2018 би можел да се пресели во Хјустон, тврди „УСА Тудеј“.
Според истиот извор, клубот од Тексас има намера дополнително да го засили тимот во кој пред неколку месеци пристигна еден од најдобрите плејмејкери во лигата, Крис Пол.
Токму Крис Пол и првата ѕвезда во тимот, Џејмс Харден, ќе бидат адутите на Хјустон со кои ќе се обиде да го привлече Леброн во Тексас.
Американските медиуми претходно пишуваа дека голем интерес за Леброн Џејмс покажуваат ЛА Лејкерс, Филаделфија и неговиот актуелен клуб Кливленд Кавалирс.
32-годишниот Џејмс по завршувањето на сезоната ќе стане ограничено слободен агент и како сега стојат работите тој нема да ја искористи опцијата за продолжување на договорот со Кливленд за сезоната 2018/2019 кој му гарантира за една година 35,6 милиони долари.
Леброн од почетокот на сезоната има просек од 28,3 поени, 8,3 скока и 8,7 асистенции по натпревар.