Top Sport

Хрватите го избраа најдобриот во историјата – Дражен пред Кукоч

„Спортске Новости“ спороведоа анкета помеѓу хрватските авторитети околу тоа кој е најодбриот играч во нивната историја. Во жирито биле Невен Бертичевиќ, Пино Ѓерѓа, Мирко Новосел, Жељко Павличевиќ, Велимир Перасовиќ, Јасмин Репеша, Петар Сканси, Невен Спахија и Славко Трниниќ.

Тие бирале по петмина играчи, на кои им давале оценки од 1 до 5.

Изборот не бил лесен, а очекувано главната борба се водела помеѓу Тони Кукоч и Дражен Петровиќ. На крајот за еден поен победил Дражен.

ТОП 10:

1. Дражен Петровиќ 34
2. Тони Кукоч 33
3. Крешимир Ќосиќ 26
4. Дино Раџа 16
5. Бојан Богдановиќ 8
6. Пино Ѓерѓа 5
7. Михивил Накиќ 3
8. Петар Сканси 2
9. Стојко Вранковиќ 2
10. Дамир Шолман 1

Scroll to Top