Top Sport

Хрватскиот селектор: Пос…и сме, играме под стрес

Кошаркарската репрезентација на Хрватска со пораз ги започна квалификациите за Мундобаскетот во Кина. Хрватите загубија во Холандија 68:61.

На овој натпревар на селекторската функција дебитираше Ивица Скелин, а неговиот разговор со Филип Крушлин го привлече вниманието на јавноста.

Имено по натпреварот на прес конференцијата, не знаејќи дека микрофоните и камерите се уклучени поради преносот во живо за „Јутјуб“ каналот, тие ја почнале расправијата, која можеле да ја слушнат сите.

„Сите играме под стрес? Зошто? Зошто? Пос…и сме, пос…и! Дали сум јас виновен за ова?“, го прашал селекторот Скелин капитенот Крушлин, не знаејќи дека микрофоните се вклучени.

Крушлин му одговорил: „Ма не е тоа, Да го е..м, ова е Холандија и сите очекуваат дека мора да победиме…Мислам поинаку ќе биде против Италија“.

Откако Скелин бил предупреден дека сите го слушнале разговорот тој кусо рекол дека неговите играчи треба да се фокусираат само на играта.

фото/fiba.com

Scroll to Top