Top Sport

Хрватските кошаркари останаа без селектор

Ивица Скелин ја напушта селекторската функција во кошаркарската репрезентацијата на Хрватска поради катастрофалните резултати во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Кина.

Хрватска во досегашниот тек од квалификациите има само една победа и три порази и само чудо може да ја однесе оваа селекција во втората квалификациска фаза, во мундијалските квалификации.

Вистнски шок Хрватите доживеака во петокот кога на домашен терен во Задар беа поразени од Романија (56:58).

Само правилото на ФИБА дека селектор не може да биде сменет меѓу два натпревари го спаси Скелин веднаш да не добие отказ.

Синоќа Хрватите ја запишаа првата победа во групата. Скелин со својата репрезентација успеа да ја победи Холандија 82:78, но одо овој противник Хрватите имаат послаб кош=количник.

„Има многу поважи прашања во хрватската кошарка бидејќи селекторот не е тој што ги постигнува кошевите. Дали ќе се пласираме на Светското првенство? Тоа прашање ќе му го поставите на оној кој ќе биде селектор. Јас направив некои грешки, имав поинаква визија. Една од грешките што за првите две средби во репрезентацијата не го повикав Хрвоје Периќ. Покрај тоа можеби сите ние заедно го преценивме квалитетот на играчите со кои располагаме“, рекол Скелин.

За хрватските медиуми првиот човек на кошаркарскиот сојуз на Хрватска, Стојко Вранковиќ, рекол дека Скелин сам си го врачил отказот по поразот од Романија.

До крајот на првата квалификациска фаза Хрватска во јуни ќе треба да ги одигра дуелите со Италија и Романија.

Scroll to Top