Top Sport

И кошаркарската легенда Луис Скола е позитивен на коронавирусот

Легендата на светската кошарка, Аргентинецот Луис Скола е позитивен на коронавирусот.

Варезе, екипата каде што настапува 40-годишниот центар е вистинска ковид-болница со дури 12 позитивни. Еден од нив е и кошаркарскиот ветеран кој засега нема потешки симптоми.

Скола моментно е најдобар стрелец во Палаканестро со 21.6 поени по меч, а бележи и по 6.5 скока на меч.

Scroll to Top