Играч со НБА педигре, Џордан Хамилтон наскоро треба да пристигне во редовите на Будуќност од Подгорица. Амриканецот треба да биде третото засилување за вице-првакот во регионалната АБА-лига. Претходно во Подгорица пристигнаа Американецот Хасан Мартин и летонскиот центар Мартинш Мејерс.
Хамилтон е играч кој ги покрива позициите два и три, има 28 години, а минатата сезона играше во Бреша.
Во НБА-лигата настапувал за Денвер, Хјустон, ЛА Клиперс и Њу Орлеанс.