Top Sport

Играч со шампионски прстен ги засили Денвер Нагетс

Џастин Холидеј е нов кошаркар на Денвер, потврди Адријан Војнаровски.НБА шампионот од 2015 година со Голден стејт Вориорс, во Денвер доаѓа како слободен играч. Минатата сезона ја мина во Атланта и Далас.

Холидеј ги покрива позициите бек и крило, а со Нагетс потпишал едногодишен договор за минимална сума, според колективниот договор.

Тимот на Мајк Мелоун не добива ѕвезда во него, но тоа не им треба, туку длабочина во ростерот, искуство и одбрана. Сите три ставки се покриени од Џастин, еден од тројцата браќа Холидеј во НБА.

Во текот на својата кариера, овој 34.годишен кошаркар имаше просек од 8,4 поени, 2,8 скока и 1,4 асистенции.

Играше и во Европа каде беше шампион на Унгарија, а во НБА ги бранеше и боите на Филаделфија, Чикаго, Њујорк, Мемфис, Индијана и Сакраменто.

Scroll to Top