Top Sport

Играчите не сакаат да постигнат кош, клубовите исфрлени од лигата, тренерите суспендирани

Неверојатен меч одиграа кошаркарите на Депир и Хибернијан во првенството на Малта. Мечот кој заврши со триумф на Депро 69:68 и донесе дополнителна работа на членовите на Дисциплинската комисија на Кошаркарскиот сојуз на малта.

Дисциплинската комисија реагираше откако двата тима во последните шест минути не постигнаа ниту еден поен. Видео снимката го открива срамното однесување на кошаркарите на теренот. Буквално се натпреварувата кој ќе направи поголема грешка само да не биде постигнат кош.

Кошаркарскиот сојуз на Малта го поништи натпреварот, а двата тима се исфрлени од лигата, бидејќи го нарушиле интегритетот на натпреварувањето.

Тренерите Џејмс Бамфилд и Марио Табоне се суспендирани до крајот на наредната сезона (2022/2023). Играчите кои беа на теренот во последните шест минути добија суспензија на три натпревари.

 

Scroll to Top