Кошаркарите на Баерн Минхен по голем пресврт го победија Хамбург во германското првенство, но по дуелот во „Ауди Хаус“ ретко кој зборуваше за исходот на натпреварот. Бекот на домашниот Ник Бајлер Беб, тешко се повреди при обидот да ја забие топката во кошот, а на сите им олеснало откако медицинскиот тим сепак успеал да даде прва помош и било избегнато најлошото.
Сите во клубот се уште се загрижени за здравјето на американскиот кошаркар.
„Многу сме загрижени за тоа што му се случи на Ник. Можеше да биде драматично. Првите вести од болницата не се добри, но ќе почекаме да видиме што ќе се случи. Беше многу опасно“, изјави тренерот на Баерн Минхен, Андреа Тринкиери.
Тој се обиде да објасни како неговиот играч изгубил рамнотежа додека бил во воздух.
„Отиде на забивање, никој не го допре. Судиите ми рекоа дека не е прекршок и беа во право. Но, кога ќе допрете играч кој е во воздух, тоа е многу опасно. Сега ќе зборуваме за трагедија. Тој е свесен и се наоѓа во болница, но сега треба да видиме што ќе се случи бидејќи имаше силен удар во главата“, објасни стратегот на баварскиот тим.