Top Sport

Изјава на Џордан што ја нема во „Последниот танц“: Нема да има друг како мене

Документарниот филм посветен на Мајкл Џордан, „Последниот танц“ предизвика големо внимание во светот. Сепак, многумина се разочарани затоа што во филмот е прикажана кариерата на кошаркарот само во најдоброто светло.

Наводно имало доста исфрлени сцени кои би дале друга слика за Џордан. Сега се појави и снимка од далечната 1998 година на која во интервју со Стјуарт Скот – Џордан вели дека нема да има друг како него. Скот го прашал дали може да се бара новиот Џордан во ликовите на Коби Брајант или Тм Данкан, на што М-Џеј вели:

„Не е фер, никогаш нема да има нов Мајкл Џордан. Никогаш нема да има ниту нов Меџик Џонсон, или Лери Бирд. Ќе има Коби Брајант, Грент Хил, Ентони Хардавеј, играта ќе покаже кој е следен“ порача Џордан.

Scroll to Top