Вистинска драма се случила на паркетот во Торино на натпреварот помеѓу женските кошаркарски екипи на Торино и Рагуса (75:53).
Хрватската репрезентативка Ивана Тиквиќ (23) останала да лежи на паркетот по грубиот старт на Дерика Хамби.
Кошаркарката на Торино, Тиквиќ, тргнала во контранапад кога Хамби прави груб фаул. Хрватката останала да лежи на теренот, а нејзините колешки од тимот во паника започнале да ја повикуваат лекарската екипа.
Медицинскиот тим извршил реанимација на теренот, а потоа Тиквиќ на носилки била изнесена од салата и пренесена в болница.
По неколку часа таа била пуштена на домашно лекување.