Top Sport

Јанакопулос со закана за кошаркарите: Или титула или отказ!

Контроверзниот претседател на грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос се налути на своите кошаркари по поразот од Олимпијакос во првиот меч од грчкото финале по што им се закани на своите кошаркари дека сите ќе ги отпушти.

„АЕК ве исфрли во купот, ве победи и најдобриот клуб во Европа и не кажавме ништо. Но, не можеме да дозволиме да загубите од најлошиот Олимпијакос во последната деценија. Ако не ја освоите титулата, тогаш сите сте слободни да си одите“, изјави Јанакопулос.

Финалето во Грција се игра на три добиени мечеви, а вториот е на распоред во четврток, овојпат во арената на Олимпијакос.

Scroll to Top