Top Sport

Јокиќ го загуби МВП трофејот, мистеријата брзо беше решена

Откако Никола Јокиќ изјави дека нема поим каде е неговиот МВП трофеј, стигна информација дека пехарот е пронајден.

Во интервју за Малика Ендрјус, новинарка на ЕСПН, Јокиќ изјави дека не знае каде е трофејот и дека би сакал да му биде вратен.

„Навистина не знам каде е. Го оставив во собата на Спарки (економот на Денвер Магетс), кога го побарав не беше таму. Навистина не знам каде е. Се надевам дека ќе ми го достават дома“, рече Јокиќ.

Всушност, тој не беше ни изгубен, само српскиот центар беше нешто помалку заинтересиран за него од другите лауреати пред него.

„Бидете сигурни, долгогодишниот економ на Нагетс, Спарки Гонзалес го исчистил трофејот за да биде подготвен за парадата во четврток“, објави новинарката Ендрјус.

Во четврток (18 ч.) ќе го има својот МВП трофеј во раце на шампионската парада во Денвер.

Scroll to Top