Top Sport

Јокиќ: Играм онака како што се чувствувам!

Кошаркарите на Денвер ноќеска беа поразени со 111-100 од Далас Маверикс. Нагетси имаа солиден меч, но во финишот Лука Дончиќ ги водеше Маверикси кон нов триумф.

„Многу промашувавме, имаше неред во последните неколку минути и тиа подобро се снајдоа во тој неред. Бевме невнимателни и тие тоа го искористија на најдобар можен начин“ рече Јокиќ.

Тој ја прокоментира и својата партија – 35 поени и 16 скока.

„Само се трудам да играм како и секогаш и некогаш сум поагресивен, а некогаш попасивен. Играм онака како што се чувствувам и некако мора да сум агресивен, не да давам кошеви, туку да учествувам со асистенции или на некој друг начин“ вели Јокиќ.

Scroll to Top