НБА ѕвездата, Никола Јокиќ донирал пари на медицинскиот центар „Доктор Радивој Симоновиќ“ во неговиот роден Сомбор и побарал таа информација да не се објавува, но српските медиуми не изддржаа.
Кошаркарот на Денвер нагетс сакал да даде „значајна“ помош на неговиот роден крај, но од медицинскиот центар велат дека нема да се објави сумата која е добиена по барање на Јокиќ.
Тој се приклучува на големиот број на спортисти кои донираа средства во своите земји за борба против корона вирусот, како фудбалерот на Челси, Антонио Ридигер, кој донираше на болницата во Берлин каде што е роден и ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл, кој даде 500.000 фунти на клиниката на која тој е роден во Кардиф, Велс.