Top Sport

Јокиќ на пиво со другарите

Никола Јокиќ ја заврши сезоната во НБА лигата, во која одигра 96 натпревари и се профилира во лидер на Денвер Нагетс. Американците се воодушевени од неговите квалитети, а навивачите во Србија во неизвесност бидејќи центарот се уште не решил да ли ќе игра на Светското првенство во Кина.

Јокиќ со Денвер Нагетс не успеа да се пласира во финалето во Западната конференција. Нагетс во седум натпревари беа елиминирани од Портланд Трејлблејзерс, a српскиот центар имаше безмалку трипл-дабл просек во својот прв настап во плеј-офот (25,1 поени, 13 скока, 8,4 асистенции).

И додека јавноста во Србија е заинтересирана каде е Јокиќ и дали тој ќе игра во Кина на Светското првенство, на социјалните мрежи се појави фотографија која веднаш стана хит.

На неа е Јокиќ во друштво на своите пријатели од детството. НБА-ѕвездата во кафуле или обложувалница во својот роден град Сомбор пие пиво со пријателите.

Scroll to Top