Top Sport

Јокиќ нема симптоми на корона вирусот

Бранислав Јокиќ, таткото на НБА ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ потврди дека неговиот син бил позитивен на корона вирусот, но додава дека тој нема симптоми и дека се чувствува добро.

25-годишниот центар дознал дека е позитивен минатата недела, откако се врати во Србија пред рестартот на НБА лигата, но немал никакви симптоми.

„Сите сме добро. Никола е добро, помина цела недела. Тоа што го имаше веќе помина, немаше никакви симптоми. Постојано сме заедно и сè е во ред“, вели Бранислав Јокиќ за „Нова.рс“.

Се очекува Јокиќ да добие дозвола да се врати во Денвер во следната недела, откако ќе добие два негативни теста на корона вирусот во 24 часа.

Scroll to Top