Никола Јокиќ го обележа натпреварот Денвер-Сакраменто (130:104). Тој го забележа седмиот трипл-дабл во сезоната, завршувајќи го натпреварот со 20 поени, 11 скока и 10 асистенции.
Од десетте асистенции на српскиот центар една веројатно ќе влезе во изборот за асистенција на сезоната.
Во првото полувреме со финта го исфрли својот чувар, се намести за шут, а потоа целиот тим на Сакраменто го „испрати по бурек“.