Top Sport

Јокиќ по елиминацијата: Беа подобри, Леброн беше неверојатен!

Денвер Нагетс го заврши своето учество во оваа НБА сезона и по пет меча во финалето на Западната конференција доживеаја елиминација од ЛА Лејкерс. По мечот своите размисли ги сподели центарот на Нагетси, Србинот Никола Јокиќ.

„Тоа е нешто што ќе го паметам цел живот. Имаме сјајна група играчи, беше голема борба. Имавме 6 елиминациски мечеви. Ни сега не сакавме да се предадеме, едноставно беа подобри. Леброн беше неверојатен, Дејвис постигна многу поени, Карусо одигра добро, Хауард исто така. Сепак, мислам дека ние оваа серија ја направивме интересна. Не се откажавме и на -16, а тоа ќе е нашиот заштитен знак и наредните години. Нема откажување, само борба“ – рече Јокиќ.

Србинот ја истакна улогата на Џемал Мареј во тимот.

„Тој е неверојатен. Тој е борец, фантастичен шутер, играше сјајно“ – рече Јокиќ.

На прес-конференција по мечот следуваше и поентата.

„Кога дојдов овде пред 5-6 години тимот имаше 33 победи. Денеска сме во финалето на Западот. Мислам дека е интересно да се размислува колкав е напредокот. И јас како играч и ние како група, како цела организација. Тоа е фантастичен напредок“ вели центарот.

Scroll to Top