Top Sport

Јокиќ погоди за победа и си заработи 500.000 долари

Денвер Нагетс синоќа ја добија мајсторката против Јута Џез (80:78). Нагетс станаа 12 тим во историјата на НБА лигата што успеал по минусот од 1:3 успеал да добие три натпревари и да го елиминира противникот.

Клучен играч во победата беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ кој постигна една третина од поени на својот тим. Денвер во вториот дел постигнаа 30 поени, 21 од нив беа дело на Јокиќ. Србинот мечот го заврши со 30 поени, 14 скока и 4 асистенции.

На 22 секунди до крајот преку Руди Гобер тој поентираше и го постави конечниот резултат.

Задоволството од победата за Јокиќ е уште поголемо бидејќи последните поени му донесоа дополнителни 465.517 долари. колку што му гарантирал клубот со договорот доколку успеа да го однесе тимот до оваа фаза на плејофот.

Денвер Нагетс во полу-финалето ќе играат против Лос Анџелес Клиперс.

Scroll to Top