Легендите на НБА кошарката, Шекил О’Нил и Чарлс Баркли, застанаа во одбрана на Никола Јокиќ. Центарот на Денвер Нагетс, го удри Маркиф Морис, на натпреварот со Мајами Хит, откако играчот на Мајами направи неспортски фаул. Поради натпреварот што ќе го пропушти Јокиќ ќе остане без 210.417 долари.
„Ми се допаѓа како постапи Јокиќ. Заслужи натпревар суспензија, такви се правилата, но суспензија заслужи и Морис“, рекол Шекил објаснувајќи дека реакцијата на Маркиф Морис не била спортска.
„Ова е освета. Немојте да вртите грб и да се правите луди откако ќе го удрите противникот. Кога сте центар и ве удри некој од пониските кошаркари, тогаш морате да реагирате. Лично, немам проблем со ова што го направи Јокиќ“.
Ставот на Шекил го дели и Баркли.
„Не може само Јокиќ да добие суспензија. Не е праведно. Јокиќ нема да добие плата за тој натпревар, а играчит што го предизвика инцидентот доби блага казна. Двајцата требаа да бидат суспендирани“, рекол Баркли и дополнил дека потегот на Морис бил кукавички.
„Одговорот мораше да дојде. Морис е виновен. Ги слушам будаливе кои го напаѓаат Јокиќ. Луѓето мора да разберат дека кога ќе го удриш противникот не смееш да го вртиш грбот. Треба да знаеш дека другиот ќе дојде по тебе“.
Баркли смета дека „реакцијата на била исправна, ќе биде почитуван од другите играчи“.