Top Sport

Јокиќ се повреди, „дабл-дабл“ на Шариќ

Никола Јокиќ еден од најдобрите играчи на Денвер Нагетс, поради повреда не го заврши натпреварот против Чикаго Булс (111:110). Изминатата ноќ вниманието на јавноста во НБА го привлече уште еден играч од балканските простори, Дарио Шариќ, кој забележа „дабл-дабл“ против Бостон Селтикс, но не успеа да го спречи поразот на Филалдлефија против лидерот во лигата.

Навивачите на Денвер стравуваат за еден од најдобрите играчи на тимот, Никола Јокиќ, кој пред крајот на првиот дел на натпреварот со Чикаго го повреди скочниот зглоб. Јокиќ веднаш замина во соблекувалната и не се врати на теренот.

Еден од најпознатите новинари во САД, кога е во прашање НБА лигата, Адријан Војнаровски, објави дека во Денвер „постои умерен оптимизам дека повредата не е сериозна, бидејќи снимката покажала дека нема скршеница на зглобот“.

Јокиќ сезонава во просек по натпревар бележи по 15,9 поени, 11 скока и 4,6 асистенции.

Инаку, Денвер славеше над Чикаго 111:110 со поените на Вил Бартон постигнати на три секунди до крајот на натпреварот.

Бартон блескаше на натпреварот и во отсуство на Јокиќ, Милсап и Парсонс, го предводеше тимот со 37 поени.

Бостон Селтикс 19.победа во сезоната ја забележа во дуелот со Филалдлефија 108:97. Лидерот во првенството го предводеше Кајри Ирвинг со 36 поени, додека Дарио Шариќ беше најдобриот играч на Филалдлефија со 18 поени и 10 скока.

Кливленд Кавалирс потешко од очекувањата славеше победа во дуелот со Атланта Хоукс 121:114. Вицепрвакот ја заблежа десеттата победа во низа.

Мечот го реши тандемот Леброн Џејмс-Двејн Вејд, иако најефикасен беше Кевин лав со 25 поени и 16 скока. Џејмс и Вејд потсетија на деновите од Мајами, тие во последните две минути ги постигнаа последните осум поени за Кливленд.

Леброн мечот го заврши со 24 поени и 12 скока, а Вејд со 19 поени. Атланта ја предводеше Дени Шрудер со 2 кошеви.

На пресотанатите два натпревари Милвоки победи во Портланд 103:91, а Јута славеше кај ЛА Клиперс 126:107.

Scroll to Top