Top Sport

Јокиќ со трипл-дабл го држи Денвер во плејоф зоната (Видео)

Кошаркарите на Денвер останаа во трка за осмата позиција во Западната конференција, откако славеа против Портланд. Дуелот на Деневер и Минесота, што ќе се одигра во среда, ќе ја реши дилемата која од овие две екипи ќе оди во плејофот.

Денвер, изминатата ноќ, успеа да го победи Портланд 88:82, а предводник во победата беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ со својот десетти трипл-дабл во сезоната, вкупно 16. во кариерата.

Српскиот центар натпреварот го заврши со 15 поени, 20 скока и 11 асистенции. Јокиќ го под обрачите го доби дуелот со центарот на Портланд Јусуф Нуркиќ кој исто така одигра брлијантен натпревар (20 поени, 19 скока).

Инаку најефикасен играч кај Денвер беше Вил Бартон со 22 поени, додека стрелците кај Портланд ги предводеше Демијен Лилард со 25 поени.

Во пресрет на последниот меч во сезоната Денвер на деветтото место има идентичен скор како и Минесота, 46 победи и 35 порази.

На Западот веќе се познати седум учесници во плејофот, а последните дуели ќе ги решат дилемите каков ќе биде распоредот од четвртата до седмата позиција.

Во борбата за титулата од Западната конференција влегуваат Хјустон, Голден Стејт, Портланд, Јута, Њу Орлеанс, Сан Антонио, Оклахома, додека од Источната конференција во разигрувањето влегоа Торонто, Бостон, Филаделфија, Кливленд, Индијана, Милвоки, Мајами и Вашингтон.

Резултати:

Детроит Пистонс-Торонто Репторс 98:108
Бруклин Нетс-Чикаго Булс 114:105
Мајами Хит-Оклахома Сити Тандер 93:115
Њујорк Никс-Кливленд Кавалирс 109:123
Минесота Томбервулвс-Мемфис Гризлис 113.94
Сан Антонио Спарс-Сакраменто Кингс 98:85
ЛА Клиперс-Њу Орлеанс Пеликанс 100:113
Денвер Нагетс-Портланд Блејзер 88:82

Scroll to Top