Денвер Нагетс славеше победа над Сан Антонио Спарс 117:109, а во пресметката на супертимовите Кливленд Кавалирс триумфираше над Оклахома Тандер 120:112.
Никола Јокиќ беше „X-факторот“ во триумфот на Денвер над еден од најдобрите тимови во НБА лигата, Сан Антонио. Српскиот центар мечот го заврши со 23 поени, 13 скока и 11 асистенции. Јокиќ го забележа чевртиот трипл-дабл во сезоната, вкупно десетти ов кариерата. Момчето од Сомбор е прва на листата на српски кошаркари кои играче во НБА лигата според забележано трил-дабл учиноци, зад него е легендарниот Владе Дивац со осум.
Денвер мечот го реши во средишницата на последната четвртина, откако претходно екипите редовно се менуваа во водството. Покрај Јокиќ кај Денвер се истакнаа Вил Бартон со 20, односно Вилсон Чендлер и Џамал мареј кои постигнаа по 17 поени.
Најдобар кај Сан Антонио беше францускиот центар Жофри Ловерњ со 26 поени и 12 скока.
Реновираниот Кливленд по победата над Бостон успеа да слави и против Оклахома Тандер. Леброн Џејмс го предводеше тимот со 37 поени и по 8 скока и асистенции.
На споритвната страна Пол Џорџ уфрли 25, Кармело ентони поен помалку, а Стивен Адамс забележа 22 поени и 17 скока, а двоен ефект од 21 поен и 12 асистенции имаше и Расел Вестбрук.
Дербито на Западот му припадна на Хјустон, во чии редови шестмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени, што беше доволно за триумф над Минесота.
Џејмс Харден запиша 34 поени, 6 скока и 13 асистенции, а сличен ефект (35 поени, 12 скока) на спротивната страна имаше Карл-Ентони Таунс.
На преостанатите два натпревари Милвоки ја совлада Атланта 97:92, а Торонто со 115:112 славеше на теренот во Мајами.