Top Sport

Јокиќ: Веќе немам вишок килограми, затоа играм подобро (видео)

Српската атракција на Денвер нагетс, Никола Јокиќ во интервју за „ЕСПН“ вели дека главната причина за неговата подобра игра оваа сезона е во тоа што се ослободил од вишокот на килограми.

Центарот го предводеше Денвер до 38 победи досега во сезоната, по што тие се на второто место во Западната конференција, иако на почетокот на сезоната немаа најдобри резултати.

„Зошто сум подобар? Тоа едноставно се случи. Можеби ми беше потребно малку повеќе време да се загреам, бидејќи не шутирав најдобро на почетокот на сезоната. Исто така имав и вишок килограми и сега е подобро. Колку? Околу 11 килограми, а најзаслужен е тренерот Фелипе, кој работи со нас подолго време и ми препорача детеална диета и план на тренинзи“, вели Јокиќ.

Scroll to Top