Top Sport

Јокиќ за 240 милиони долари ќе остане во Денвер

Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ, по елиминацијата на Денвер Нагетс од плејофот, ја анализирал серијата со Ворирос и одговори на прашањата поврзани со неговата иднина.

Денвер Нагетс во пет натпревари ја загубија серијата со Ворирос. Јокиќ серијата ја заврши со просек од 31 поен, 13,2 скока, 5,8 асистенции и 1,6 украдени топки.

Јокиќ ова лето би можел да го продолжи договорот со Денвер. Се споменува дека актуелниот би можел да потпише уште еден петгодишен договор кој во тој случај би вредел неверојатни 240 милиони долари.

„Тоа секако би сакал, но се уште не сум се одлучил за тоа. Се разбира, доколку таква понуда биде ставена на маса јас ќе ја прифатам, затоа што ја сакам оваа организација и сите луѓе кои работат во неа“.

Тој додаде дека многу му се допаѓа атмосферата во организацијата и дека има добри односи со сите.

Scroll to Top