Top Sport

Јуниорска АБА лига: МЗТ го победи Морнар

Тимот на МЗТ за играчи до 19 години со победата страртуваше на турнирот во регионалната АБА лига. МЗТ во првиот меч на турнирот кој се игра во Белград го совлада Морнар 86:82.

Јуниорите на МЗТ победата ја најавија во првата четвртина по која стекнаа предност од 15 поени (28:13). Иако прптовникот во вториот дел успеа да го преземе водството, МЗт успеа да се врати од негативата и да забележи победа.

Дамјан Крстевски со 27 поени го предводеше МЗТ до победата. Следниот противник на МЗТ ќе биде екипата на Цибона.

Scroll to Top