Top Sport

Јута ги зголеми маките на Клиперс (видео)

Донован Мичел постигна 19 поени, а Руди Гоберт додаде 15 поени, 10 скока и 3 блокади за Јута џез да стигнат до 117:95 победа над Лос Анџелес клиперс, намалувајќи им ги шансите за пласман во плеј-офот.

За Јута ова е четврта победа едноподруго, додека за Клиперс ова е незгоден пораз во незгодно време – сега се на 2 и пол натпревари зад последното место за плеј-офот на Западот. Јута се на четвртото место, со еден натпревар предност пред Сан Антонио и Оклахома сити.

Крис Пол постигна кош во последната секунда за Хјустон рокитс да стигнат до нова победа над Портланд и да ја продолжат домашната победничка низа на 20 натпревари, еден од рекордот на клубот со уште еден домашен натпревар во регуларната сезона.

Портланд имаа одлична последна четвртина, надополнувајќи од негатива 75:92 на пет минути пред крајот, и израмнувајќи на 6.1 секунди пред крајот преку Пет Конатон, откако Џејмс Харден утна две слободни фрлања.

Леброн Џејмс имаше 33 поени, 14 асистенции и 9 скока за Кливленд да издржат во кам-бекот на Тајрон Лу како тренер со 119:115 победа над Вашингтон визардс.

Џеф Грин имаше 21 поени, а Кавс имаа 17 негатива во последната четвртина пред враќањето за петта победа во низа и 10. во последните 11 натпревари. Со победата, Кливленд е на третото место на Истокот со половина предност пред Филаделфија, со кого се судираат денеска во Филаделфија.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Јута – ЛА клиперс 117:95

Хјустон – Портланд 96:94

Кливленд – Вашингтон 119:115

Индијана – Голден стејт 126:106

Scroll to Top