Top Sport

Кајл Кузма од Лејкерс ќе дели оброци на заразени со коронавирус

Светската пандемија на коронавирусот е најтешкиот можен испит за сите на планетата. Во овие моменти се родија нови херои на цивилизацијата.

И НБА лигата докажа дека има пожртвувани момци, а еден од нив е играчот на ЛА Лејкерс, Кајл Кузма.

Тој вчера истакна дека ќе им помага на постарите сограѓани, оние кои се заболени со коронавирусот.

Кузма ќе им носи оброци во наредните 6 недели, а се очекува неделната бројка на поделени оброци да изнесува 550.

Scroll to Top