Пред вечерашниот „гостински“ НБА меч меѓу Бостон селтикс и Филаделфија 76ерс во Лондон, Кајри Ирвинг се спореди со Нејмар и најави дека ќе ја воодушеви публиката.
Ирвинг, кој првпат доаѓа во Лондон, оваа сезона има просек од 24.1 поени, 5 асистенции и 3.5 скока по натпревар, зголемувајќи ја репутацијата како еден од НБА ѕвездите со најдобра контрола на топката, и вели дека би можел да се спореди со Нејмар.
„Би можел да направам таква ѕвезда. Тој постигнува многу голови, го гледам дека е среќен во Париз. Тој е мојот омилен фудбалер, моето момче“, вели Ирвинг во интервју за „Дејли мејл“.
25-годишниот Ирвинг е несомнено првата ѕвезда на Селтикси по трејдот од Кливленд минатото лето, а пред доаѓањето во Лондон призна дека не знае многу за англиската култура.
„Искрено, Лондон досега го имав видено само на филмовите со тој акцент. Знаев за ‘О2 арената’, и возбуден сум што ќе играме таму. Убаво е што НБА оди на глобалната сцена и се надевам дека ќе добиеме нови гледачи“, вели Ирвинг.