Top Sport

Кајри Ирвинг не бил антиваксер!

Во американската држава Њујорк вакцинацијата е обврзна, а поради тоа што кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг одби да се вакцинира, доби ултиматум. Генералниот менаџр на Нетси, Шон Маркс му порача дека Кајри нема да биде дел од тимот се додека не се вакцинира. Тоа значи дека ќе загуби милиони.

Порталот „Атлетик“ пренесе нови информации кои доаѓаат од луѓе кои се блиски на кошаркарот.

„Кајри не е антиваксер, туку беше лут поради тоа што луѓето губат работа поради обврската да бидат вакцинирани“ се наведува во текстот.

Нема сомнеж дека кога ќе се спомене губењето пари, антиваксерите го покажуваат вистинското лице. Тие кои и покрај тоа остануваат доследни, навистина веруваат во тоа.

Доколку не се вакцинира, Ирвинг нема да има можност да ја нападне НБА титулата заедно со своите соиграчи. Времето полека истекува, новата НБА сезона започнува на 19 овој месец.

Scroll to Top