Барселона, синоќа, го победи Монако со 88:83 во Евролигата. Победата на лидерот ја обележа Ник Калатес. Гркот стана најдобриот асистент во историјата на Евролигата.
Поранешниот играч на Мемфис Гризлис и Панатинаикос, натпреварот го заврши со шест асистенции ис вкупно 1.612 асистенции се искачи на првото место на вечната листа.
На врвот го мина својот легендарен сонародник Василис Спанулис (1.606 асистенции).
„Благодарност до моите тренери и соиграчи, без нив ова немаше да го постигнам. Со нив оваа игра е многу полесна. Ова е голема чест“, рекол Калатес.