Top Sport

Калатес во Реал доколку Кампацо се пресели во НБА

Реал Мадрид подготвиле замена за Факундо Кампацо доколку Аргентинецот реши да се пресели во НБА лигата, во редовите на Далас Маверикс или Сан Антонио Спарс.

Кампацо заедно со Шпанците Руди Фернандес и Серхио Љуљ е најважниот играч на Реал, кој пред две сезони ја освои титулата во Евролигата. Кампацо е водечки играч на Реал според бројот на асистенции (7,11) и украдени топки (1,39).

Од друга страна Калатес е најдобар асистент, со 9,11 успешни додавања по натпревар во Евролигата и просек од 16,55 по натпревар.

Проблем за Реал ќе богатиот договор што го има Калтаес со Панатинаикос и фактот што челниците на „зелените“ секоја сезона тимот го градат токму околу плејмејкерот. Договорот на Калатес со ПАО истекува наредната сезона.

Спортскиот момент во овој случај може да биде пресуден, ПАО не играле на завршниот турнир во Евролигата уште од ерата на Жељко Обрадовиќ.

Според шпекулациите покрај Реал за Калатес биле заинтересирани и од ЦСКА Москва.

Scroll to Top