Top Sport

Калиниќ ќе ја продолжи кариерата во Барселона

Српскиот кошаркарски интернационалец, Никола Калиниќ, доскорешниот играч на Валенсија наредната сезона ќе игра за тимот на Барселона, пишуваат српските медиуми.

Поранешното крило на Црвена Звезда и Фенербахче по заминувањето од Истанбул ја договори соработката со тимот на Валенсија, но по само една година, ќе ја промени средината.

Се споменуваше и можност за трансфер во Партизан кај неговиот поранешен тренер од Фенер, Жељко Обрадовиќ, а помалку срамежливо се најавуваше и враќање во редовите на „црвено-белите“ од Белград.

Сепак информациите се дека одлуката паднала на Барса.

Во сезоната која заврши Калиниќ просечно имаше по 10,4 поени, 3,4 скока и 3,2 асистенции во Евролигата.

Scroll to Top