Top Sport

Калиниќ за малку ќе предизвикаше општа тепачка (Видео)

Српскиот репрезентативец Никола Калиниќ, одигра брилијантен меч за Фенербахче, а успеа да предизвика и инцидент, кој можеше да има посериозни последици.

Фенербахче се пласираше во полу-финалето, во турскиот плеј-оф, откако ја победи Анкара со 92:59. Калиниќ го предводеше својот тим со 22 поени, 4 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки.

Дамка на неговата брилијантна партија фрли техничката грешка што ја доби бидејќи бурно ја славеше победата со навивачите.

Поради неговото однесување речиси сите од противничкиот тим тргнале кон него и малку недостигало да инцидентот да има посериозни последици.

Scroll to Top