Top Sport

Кантер научил англиски гледајќи „Сунѓерот Боб“ и „Џерси шор“

Англискиот јазик можеби е еден од најраспространетите на светот и вистински „светски“ јазик, но тоа не значи дека сите лесно го учат. Прашајте ја НБА ѕвездата, Енес Кантер.

Центарот на Њујорк никс дојде во САД за да студира една година во Кентаки, каде што не му беше дозволено да игра во НЦАА лигата, по што на уникатен начин реши да ги подобри јазичните способности.

„’Сунѓерот Боб’ ми беше омилен. Од тој цртан најмногу научи англиски. На колеџ не смеев да играм, така што само седев и гледав ТВ и две шоуа: ’Сунѓерот’ и ’Џерси шор’. Мораш да го научиш јазикот на улицата, а не обичниот јазик“, вели Кантер во интервју за радиото „ЦБС локал“.

Scroll to Top