Top Sport

Капела ќе добие 90 милиони долари за пет години

Хјустон Рокитс постигнале договор со центарот Клинт Капела тој да потпише пет годишен договор вреден 90 милиони долари.

Франшизата од Хјустон ги прифатила сите услови што ги поставил центарот, бидејќи планот на Хјустон бил да му понуди 30 милиони помалку за пет години соработка.

Капела беше ограничен слободен агент и во случај да потпишеше за 4,3 милиони долари во 2019 година ќе стекнеше статус на неограничено слободен агент.

Минатата сезона беше најдобра во кариерата на Капела, во просек по натпревар бележел по 13,9 поени, 10,8 скока и 1,9 блокади.

Scroll to Top